На Бензема ќе му се суди за „случајот Валбуена“

На Бензема ќе му се суди за „случајот Валбуена“

пред 4 години

За вмешаност во „случајот Валбуена“, на напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, ќе му се суди од 20. до 22.октомври. Шпанските и француските медиуми пренесуваат дека Бензема се соочува со затворска казна до пет години, доколку биде прогласен за виновен.

Карим Бензема е обвинет дека бил соучесник во „случајот Валбуена“, односно дека делувал како посредник помеѓу групата која го уценувачи и својот тогашен соиграч од репрезентацијата.

Групата, барала пари, за да не објави во јавноста компромитирачко видео, во кое главен „актер“ бил Валбуена. Бензема го притискал соиграчот да ја плати бараната сума. Валбуена сепак решил случајот да го пријави во полиција.

Од моментот кога беше објавена целата афера, селекторот на Франција Дидие Дешам, го избриша Бензема од националниот тим.

Медиумите во Шпанија и Франција, тврдат дека Бензема би можел да добие затворска казна до пет години и парична од 60.000 евра, доколку судот го прoгласи за виновен.

Share
Scroll to Top