На 43 години почина поранешна НАСКАР ѕвезда

На 43 години почина поранешна НАСКАР ѕвезда

пред 4 години

Поранешната НАСКАР ѕвезда, Ерик Меклур почина на 43-годишна возраст. Причината за смртта на легендарниот автомобилист се уште не е позната, а неговото тело било испратено на обдукција за да се открие причината за смртта.

Иако и порано во кариерата имал здравствени проблеми, ништо не укажувало на трагичниот губиток.

„Тажни сме поради сознанието за смртта на поранешниот возач и сопственик на тим – Ерик Меклур. Изразуваме најдлабоко сочувство на неговото семејство и на пријателите“ се наведува во соопштението од НАСКАР.

Меклур во НАСКАР шампионатот се натпреваруваше 14 сезони, а последната трка ја возеше во 2016 година. Во кариерата имаше дури 288 трки во престижното натпреварување.

Најмалку двапати преживеал потрес на мозокот додека бил на патеката, а минатата година имал проблеми со бубрезите.

Тој остави 7 ќерки кои ги доби во текот на првиот брак со сопругата Миранда, со која се разведени веќе 3 години.

Share
Scroll to Top