На 43-годишна возраст стана најстариот светски број 1

На 43-годишна возраст стана најстариот светски број 1

пред 9 месеци

На 43-годишна возраст, Рохан Бопана стана светски рекет број 1 во двојки за прв пат во својата кариера.

Индиецот до овој успех стигна откако се пласираше во полуфиналето на Австралија опен со Австралиецот Метју Ебден.

Со тоа Бопана стана најстариот број 1 во историјата на АТП листата во конкуренција на двојки. Далеку зад себе го остави досегашниот рекордер Раџив Рам, кој беше прв на 38-годишна возраст.

Интересно е што Бопана е четвртиот тенисер од Индија кој е најдобар во светот во двојки. Пред него истиот успех го постигнаа Леандер Паес и Махеш Бупати во машка и Санија Мирза во женска конкуренција.

„Горд сум на себе. После 20 години конечно сум на врвот. Среќен сум што ја претставував Индија на вистински начин на ова тениско патување“, изјави Бопана.

Share
Scroll to Top