Нема набргу да видиме дуел Еј Џеј-Фјури – Џошуа мора да боксува со Усик?

Нема набргу да видиме дуел Еј Џеј-Фјури – Џошуа мора да боксува со Усик?

пред 9 месеци

Надежите на боксерските фанови дека наскоро ќе видиме меч за обединување на титулите во тешка категорија помеѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури ги урна претседателот на ВБО федерацијата, Пако Валкарсел, кој тврди дека Џошуа сега мора да влезе во рингот со украинскиот предизвикувач Олександер Усик.

Популарниот Еј Џеј по повеќе од една година се врати во рингот за да го „уништи“ Кубрат Пулев, предизвикувачот за ИБФ титулата на „Вембли“ во деветтата рунда, и се веруваше дека сега следен на ред е Фјури, носителот на ВБЦ титулата во меч кој ќе донесе милиони за двата боксери.

Сега, ВБО планира прво да се оствари меч со Усик, кој минатиот месец го декласираше дерек Чизора и шефот Валкарсел вели дека промотерот на Џошуа, Еди Херн знае дека тоа е неизбежно.

„Џошуа беше сензационален против Кубрат Пулев. За ВБО појасот, Еди Херн знае што значи посветеност, така што сега треба да се договориме“, напиша Валкарсел на Твитер.

Според него, веќе двапати се направил исклучок за Џошуа, прво за вториот меч со Руиз, а потоа со мечот со Пулев, но дека не се подготвени за уште еден исклучок, односно дека ќе му биде одземена титулата ако не боксува со Усик.

Усик со убедлива победа над Чизора се промовираше во кандидат за титулите

Џошуа останa крал на тешката категорија уништувајќи го Пулев

Share

Website https://kissanime.mx: Watch Prince of Tennis: National Championship Chapter kissanime Episode 13 kissanimefree

Nijiiro Hotaru: Eien no Natsuyasumi Episode Full

WCOStream Watch anime online, English anime online HD

Ninkuu (Movie) (Dub) (https://animeheaven.pro/m/A81r) Episode Full

Draft blogger: https://draft.blogger.com/u/5/profile/16949369864151488756

Pbase: https://pbase.com/gogoanimebe/profile

Scroll to Top