„Нејмар има чувствителни стапала затоа толку се `тркала` по теренот“

„Нејмар има чувствителни стапала затоа толку се `тркала` по теренот“

пред 4 години

Никој не може и не треба да го оспори квалитетот што го поседува фудбалерот на ПСЖ, Бразилецот Нејмар, но повеќето фудбалски фанови се иритирани од неговото превиткување по теренот по прекршок врз него.

Пред вчерашниот меч против Лајпциг во ЛШ, на кој токму Нејмар од пенал ги постави конечните 1-0 за „светците“, помошниот тренер во клубот, Унгарецот Золт Лоу објасни дека не се работи за актерство ниту пак за изнудување казна за противникот, туку за медицински феномен.

„Нејмар има неверојатно чувствителни стапала. Кога и да го удрат, чувствува екстремна болка“ рече Лоу за „Билд“.

Помошникот тренер објасни дека таквите реакции во комбинација со неговиот егоистичен стил на игра изнудуваат лутина кај навивачите.

„Тој е многу топла и отворена личност. Секако дека понекогаш изгледа арогантно поради тоа што го прави на теренот, но ако го фаулираат, во првата наредна прилика ќе се обиде да го издрибла токму тој играч. Тоа е неговиот одговор“ смета Лоу.

Нејмар од доаѓањето во Париз пред 3 години има доста проблеми со повреди, но во клупската кариера веќе постигна 248 гола надополнети со 156 асистенции на 413 настапи.

За „кариоките“ одиграл 103 меча и има 64 гола.

Share
Scroll to Top