Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар, на социјалните мрежи објави видео од „едноставна семејна вечера со пријатели“. Најскапиот фудбалер во светот, на овој начин ги демантираше пишувањата дека за Нова година ќе организирал забава со 500 гости.
На видеото се забележува дека на големата маса има околу 40 луѓе, а помеѓу секој гостин има по едно празно столче.
„ Прекрасна декорација за едноставна мала вечера дома, со одржување на дистанца. Овде нема 500 луѓе. Физичката дистанца е тест за секого“, напишал Нејмар.
Neymar making fun of the 500 person party rumours ?
✅ Social distancing
✅ Everyone tested
✅ Family
✅ Friends
❌ 500 People pic.twitter.com/KjxjTRAesd— Neymar News (@Neymoleque) December 31, 2020