Никола Калиниќ се врати во Црвена звезда

Никола Калиниќ се врати во Црвена звезда

пред 4 месеци

Поранешниот српски репрезентативец Никола Калиниќ, се врати во Црвена звезда. Со клубот тој потпиша три годишен договор.

За Калиниќ ова ќе биде трет мандат во црвено-белиот дрес. Првпат играше во сезоната 2014/15, а втор пат во сезоната 2021/22.

Со црвено-белите двапати беше шампион на Србија и АБА лигата, а во 2022 година беше и МВП на регионалното натпреварување.

Претходните две сезони Калиниќ ги мина во Барселона. Во последната сезона во каталонскиот тим имаше просек од 7,3 поени, 3,8 скока, 2,4 асистенции за 24 и пол минути на теренот.

Калиниќ беше олимписки вицешампион со српската репрезентација во 2016 година, а во професионалната кариера настапуваше и за Спартак од Суботица, Нови Сад, Војводина, Раднички од Крагуевац, Фенербахче (со кој ја освои Евролигата во 2017 година) и Валенсија.

Пред Калиниќ, во Црвена звезда дојдоа Урош Плавшиќ и Ајзеа Кенан.

Share
Scroll to Top