Николиќ со звукот на сирената му пресуди на Партизан

Николиќ со звукот на сирената му пресуди на Партизан

пред 6 месеци

Будуќност во Белград го победи Партизан по две продолженија со 101:99 во дерни мечот одигран во второто коло, во АБА-лигата. По 40 минути игра резултатот беше 78:78, а по првото продолжение 86:86.

Дербито беше решено во последните две секунди од второто продолжение. Коди Милер-Мекинтаер од тешка позиција погоди тројка за водство на Патизан 99:98 на 1,3 секунди до крајот.

По тајмаутот топката одеше на Данило Николиќ кој ладнокрвно со звукот на сирената го погоди шутот за тро поени.



Будуќност имаа контрола врз резултатот до последните три минути од тратата четвртина. Предноста на екипата од Подгорица најчесто се движеше од три до седум поени, а во третиот период имаа и двоцифрена предност (53:63).

Од финишот на третиот период Партизан ја започна својата серија која заврши со 12:0 во третата минута од решавачкиот период.

Драма имаше и во финишот на регуларниот дел, Данило Николиќ со положување донесе предност за својот тим 77:78, а во последниот напад Вил Мозли беше фаулиран меѓутоа погоди само едно од двете слободни фрлања.

Џастин Кобс ја предводеше Будуќност со 27 поени и 8 скока, а херојот Данило Николиќ постигна 21 поен со 100 отстотна реализација (5/5 за два, 2/2 за три). Партизан го предводеше Огњен Јарамаз со 24 поени и 7 асистенции, Мекинатер постигна 15, а Раде Загорац 12 поени.

По две кола Будуќност има две победи, а Партизан два порази.

Share
Scroll to Top