Нов систем во најквалитетното кошаркарско натреварување

Нов систем во најквалитетното кошаркарско натреварување

пред 3 месеци

Најдоброто клупско кошаркарско натпреварување во Европа од сезоната 2025/2026,  ќе ја доживее трансформацијата која се најавуваше во претходните месеци.

Според сознанијата на грчкиот портал „Газета“, најважната промена во Евролигата ќе биде зголемувањето на бројот на клубови од 18 до 20.

Тоа би значело дека ќе се добијат две нови екипи во елитата, повеќе игра и секако приходи за клубовите.

Самиот формат на натпреварувањето треба да остане ист како досега – секој со секој двапати во регуларниот дел од сезоната плус формат за плеј-ин пред плеј-офот.

Сепак, постои идеја лигата да се подели на две дивизии, слично како НБА стои во соопштението.

 

Share
Scroll to Top