Нов (четврти) тренер, стара приказна – Шалке загуби во Берлин

Нов (четврти) тренер, стара приказна – Шалке загуби во Берлин

пред 5 месеци

Шалке и под водство на својот нов тренер, Кристијан Грос (четврти оваа сезона), не успеа да направи нешто повеќе и ја продолжи лузерската серија со 3:0 пораз на гостувањето кај Херта Берлин на „Олимпијастадион“.

Позајмениот фудбалер од Арсенал, Матео Гендузи ја донесе „старата дама“ од Берлин во водство во 36. минута, пред во 56. минута Џон Кордоба да зголеми на 2:0. Замената Кшиштоф Пјонтек во 80-тата минута стрелаше уште еднаш и ги осуди Шалке на 10-ти пораз во 14 кола во Бундеслигата оваа сезона.

Со трите поени, Херта скокна на 12. место во Бундеслигата со 16 поени, додека „кралско сините“ остануваат на последното место на табелата со 4 поени и со малку надежи за опстанок во елитата.

Share

AnimeTV go anime tv: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Episode 13 (https://animetv.cc/m/v2eg/ep-13)

AniWatch dubbed anime: Horimiya (https://aniwatch.pro/m/4Wap) Episode 13

Scroll to Top