Норис: Ферстапен треба да се занимава со комедија

Норис: Ферстапен треба да се занимава со комедија

пред 6 дена

Ландо Норис, возач на Мекларен во Формула 1 шампионатот, одговори на провокациите упатени од страна на старо-новиот шампион, Макс Ферстапен. Холанѓанецот, во неделата, го освои петтото место на трката во Лас Вегас, на која победи Џорџ Расел од Мерцедес, со што и теоретски ја обезбеди четвртата последовна титула.

Ферстапен, пред неколку дена во разговорс за „Де Телеграф“, рече дека во болидот на Мекларен многу порано би ја обезбедил титулата.

Ландо Норис не можеше и не сакаше да го премолчи ова, порача дека Ферстапен „треба да се занимава со комендија“.

„Треба да прави комедија. Може да каже што сака. Секако дека не го делам неговото мислење, тој е добар возач, но не е искрен. Знам колку е способен возач, сигурен сум дека јас ќе ја освоев титулата доколку тој не возеше болид на Ред Бул. Не верувам во неговите коментари, но ми се допаѓа неговата самодоверба“, рече Норис.

И покрај тоа што Ферстапен ја освои титулата, борба меѓу него и Норис ќе има и во последните две трки. Двата тима заедно со Ферари се борат за титулата кај конструкторите.

Мекларен на врвот има 24 поени пред Ферари и 53 поени пред третопласираниот Ред Бул.

Share
Scroll to Top