Новиот менаџер на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто вели дека очекува да зборува со Хери Кејн „што е можно побргу“, и верува дека тој ќе биде негов фудбалер оваа сезона и покрај шпекулациите кои го поврзуваат со трансфер во Манчестер сити.
Кејн во петокот ги демантираше шпекулациите дека одбивал да тренира со Тотенхем, и сега по враќањето во Англија мора да помине период на карантин пред да може да се врати на тренинзи. Тој не беше во составот кој во денешниот пријателски меч со 1:0 го совлада Арсенал.
„Хери е со нас. Мора да биде во карантин, но веќе го помина првиот ден со лекарите. Ќе зборувам со него што е можно побргу. Тој е со нас“, додаде Нуно.
Околу шпекулациите дека Лаутаро Мартинез е на пат од Интер, португалскиот стручњак не сакаше да коментира.
„Нема да зборувам за ниту еден играч кој не е наш. Само за играчи на Тотенхем, ве молам“, додаде Гомеш.