Одбраната на Aрсенал како сирење, „граѓаните“ пукнаа петарда во таборот на Артета!

Одбраната на Aрсенал како сирење, „граѓаните“ пукнаа петарда во таборот на Артета!

пред 3 години

Катастрофалното прво полувреме на „топчиите“ на „Итихад“ попладнево ги чинеше нов пораз во Премиерлигата – трет за нив во исто толку натпревари во новата сезона.

Манчестер Сити го порази Арсенал со 5:0 во првиот меч од ова коло во ПЛ. Резултатот и не е толку катастрофален како што изгледаше лондонскиот клуб во Манчестер. Процентот на посед на топка беше 80-20 во однос на домаќините, а упатените удари во рамките на двата гола изнесуваа 10-0 во корист на „граѓаните“.

Избраниците на Микел Артета уште во првите 45 минути го загубија мечот. Примија три релативно наивни голови, а згора на тоа останаа и со човек помалку на теренот по црвениот картон на Гранит Џака во 35 минута (остар старт).

Арсенал го почна мечот офанзивно, но по двете почетнички грешки во 7. и во 12. минута, фудбалерите на Сити, Гундоган и Феран Торез знаеја како да казнат и веќе на семафорот стоеше 2:0.

По црвениот картон на Џака работата за „топчиите“ дополнително се искомпликува, а до крајот на полувремето Габриел Жесус со погодокот во 43 минута ги испрати гостите со наведнати глави во соблекувалната.

И второто полувреме по веќе видено сценарио.

Феран Торес сега во улога на асистент, го послужи Родри со една топка на работа на шеснаесетникот во 53 минута, а овој бие прецизно за превисоки 4:0.

Сепак, младиот шпански фудбалер и по вторпат се запиша во листата на стрелците и тоа во 84 минута. Сега асистент беше Ријад Марез за конечни 5-0.

Екипата предводена од Пеп Гвардиола по стартниот пораз од Тотенхем (1-0) се врати во живот со две убедливи победи на свој терен. Освен денешната над Арсенал, минатото коло со 5-0 настрада и Норич.

Арсенал пак, по 270 минути во ПЛ се уште нема постигнато погодок, а голманите на „Топчиите“ деветпати ја вадеа топката од мрежата, (по двапати на дуелите со Брентфорд, односно Челси).

Се тресе ли клупата на Микел Артета?

Share
Scroll to Top