Одегард по заминувањето од Реал удри по шпанскиот печат

Одегард по заминувањето од Реал удри по шпанскиот печат

пред 3 години

По шест години откако како 16-годишник потпиша за Реал Мадрид, Мартин Одегард се раздели со „кралскиот клуб“ со постојаниот трансфер во Арсенал за 30 милиони фунти, по што преку социјалните мрежи го нападна шпанскиот печат кој му го загорчи животот.

Капитенот на норвешката репрезентација стана најмлад фудбалер во историјата на Реал во мај 2015 година кога го замени Кристијано Роналдо против Хетафе и од него се очекуваше (пре)многу. Меѓутоа, тој постојано беше праќан на позајмици и одигра само 11 меча за првиот тим.

Весникот „Марка“, познат по врските со Реал Мадрид и претседателот на тимот, Флорентино Перез, го постави 22-годишниот Одегард на насловната страница и го опиша како „спортски неуспех“. Одегард одговори преку Инстаграм.

„Овие денови за мене и за моите мотивации се кажаа многу работи. Само сакам да кажам дека речиси сите работи кои беа напишани не се вистинити. Вистинска штета што вака се лаже, бидејќи некои луѓе имаат погрешна претстава за работите. Имам мои причини, ја знам вистината и што се случи и затоа заминувањето од Мадрид беше најдобро за сите“, напиша Одегард.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Martin Ødegaard (@odegaard.98)

Share
Scroll to Top