Одмазда над Швајцарија – Македонија влегува во квалификациите за СК 2023

Одмазда над Швајцарија – Македонија влегува во квалификациите за СК 2023

пред 3 години

Македонската кошаркарска репрезентација се одмазди на Швајцарија со 67:61 победа за да се пласираат во квалификациите за Светскиот куп во 2023.

Тимот на селекторот Драган Бајиќ загуби во првото коло од Швајцарците, но по победата над Словачка, обезбеди едно од двете места кои водат во квалификациите пред вториот меч со Словаците.

Македонските кошаркари имаа одличен старт, поведувајќи со 12:4, пред Швајцарците да се вратат во игра и да намалат на 17:20, пред на полувреме да се отиде со нова висока предност од 39:26.

И во второто полувреме, нашите кошаркари ја заддржуваа предноста, и иако Швајцарците се доближија на пет поени разлика, со тројките на Крстевски и Мекиќ ја осигуравме победата.

 

Share
Scroll to Top