Од Интер и се лути на УЕФА поради Хакими

Од Интер и се лути на УЕФА поради Хакими

пред 4 месеци

Од Интер се лути на УЕФА за случајот со Мароканецот Ашраф Хакими кој не настапи на дуелот со Борусија Менхенгладбах поради позитивен тест на коронавирус.

Се зборува во Милано дека правдата ќе ја бараат и на суд ако и денешниот тест на Мароканецот биде негативен.

„Нероазурите“ сметаат дека не е фер што играа против бундеслигашот без Хакими, кој покрај Лукаку, е најекспонираниот играч на клубот во моментов.

Вистинска збрка стана кога Хакими, кој ден порано беше тестиран со негативен тест, на денот на натпреварот, во 16 часот попладне беше позитивен. На мечот не настапи, а во четвртокот направи нов тест и нан него повторно беше негативен.

Денеска ќе биде подложен на нов тест, ако тој е негативен, ќе може вечерва да настапи за Интер на дуелот против Џенова на гостински терен.

Италијанците се бесни затоа што УЕФА овластила лабораторија која доцна го алармирала клубот дека играчот е позитивен, а пред тоа Хакими би можел да е опасност за останатите играчи. Згора на тоа, тајмингот бил промашен за да може да се спроведе уште еден контролен тест за да се потврди вистината.

Тешко е за верување дека УЕФА ќе се согласи на барањата на Интер – преигрување на мечот со тимот од Менхенгладбах.

Share

Re:ZERO -Starting Life in Another World- (https://animeplanet.cc/m/dy7) Episode 25 at AnimePlanet anime planet apk

Watch Naruto Episode 215 at website https://animeflix.nl animeflix fairy tail

Scroll to Top