Озил: Отсекогаш сум навивал за Фенербахче

Озил: Отсекогаш сум навивал за Фенербахче

пред 4 години

„Ќе го остварам сонот кога ќе потпишам договор со Фенербахче“, рекол Месут Озил по доаѓањето во Истанбул. Поранешниот германски репрезентативец, претходните седум и пол години ги мина во Арсенал.

Озил со Фенербахче ќе потпише три и пол годишен договор.

„Возбуден сум, отсекогаш сум бил навивач на Фенербахче. Ми се остварува сонот. Се надевам дека ќе имам многу успеси во дресот на Фенер. Бог да ги благослови нашите навивачи бидејќи секогаш не поддржуваат. Пресреќен сум што сум овде“, рекол Озил.

32-годишниот фудбалер, не одиграл официјален натпревар од март минатата година. За него немаше место во плановите на менаџерот на Арсенал, Микел Артета. Последните неколку месеци дури и не тренираше со првиот тим.

Озил во кариерата играл во Шалке, Вердер и Реал Мадрид. Со Германија во 2014 година стана светски првак.

Share
Scroll to Top