Оклахома му даде 139.000.000 долари на најдобриот крадец на топки

Оклахома му даде 139.000.000 долари на најдобриот крадец на топки

пред 8 часа

Бекот на Оклахома Сити Тандер, Кејсон Волас, се согласи на петгодишно продолжување на договорот со вредност од 139 милиони долари.

Волас, кој беше избран од 10-то место на НБА драфтот во 2023 година, заврши во втората најдобра дефанзивна петорка во лигата минатата сезона.

Младиот бек ги имаше најдобрите резултати во својата кариера, со просек од 8,6 поени, 2,6 асистенции и 1,9 украдени топки по натпревар, а ја заврши сезоната како најдобар во оваа категорија, во НБА со вкупно 150 украдени топки.

Развојот и потенцијалот на 22-годишниот кошаркар одиграа важна улога во плановите на Оклахома, која го испрати долгогодишниот стартер и еден од најдобрите надворешни дефанзивци, Лугенц Дорт, во Атланта Хокс.

Генералниот менаџер на Тандер, Сем Прести, рече дека клубот исклучителчно многу го цени Волас и верува дека може да игра значајна улога во тимот.

Со потпишувањето на нов договор, Оклахома дополнително ја обезбеди иднината на еден од своите најперспективни играчи.

За време на неговата досегашна НБА кариера, Волас одигра 227 натпревари, со просек од 7,9 поени, 2,2 асистенции и 1,5 украдени топки, и беше стартер во 114 натпревари.

Тој, исто така, се појави во сите 48 натпревари од плејофот што Оклахома ги играше за време на неговиот престој во клубот.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top