Олимпијакос го отпушти Мендилибар

Олимпијакос го отпушти Мендилибар

пред 4 часа

Фудбалскиот клуб Олимпијакос се раздели со тренерот Хозе Луис Мендилибар. Отказот е последица на лошиот старт во грчкото првенство и елиминацијата од НЕЦ Нејмиген во третото квалификациско коло, за пласман во Лигата на шампионите.

Дека сè поминало според планот во Пиреја, сведочат медиумските извештаи во Грција дека наследникот на Мендилибар е веќе познат. Црвено-белите ќе ги преземе Иманол Алгуасил, тренер кој работеше седум години во Реал Сосиедад.

Пред да дојде на „Караискакис“, тој го водеше Ал Шабаб, а своето деби на клупата на црвено-белите од Атина ќе го има во сабота против ОФИ од Крит.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top