Олмо се сели во Барселона

Олмо се сели во Барселона

пред 2 месеци

Фудбалерот на Лајпциг, Дани Олмо го договори трансферот во Барселона.

Олмо постигнал вербален договор со директорот на каталонскиот клуб, легендарниот Деко. Италијанскиот новинар Фабрицио Романо најави дека Барселона во кеш ќе плати 55 милиони евра, плус уште седум преку разни бонуси на име обештетување.

Олмо ќе потпише шестгодишен договор со Барселона, а неговата плата се уште не е позната.

Интересно е што овој шпански офанзивец својата сениорска кариера ја започна во Динамо од Загреб, благодарение на тогашното раководство на клубот предводено од Здравко Мамиќ, кое го препозна неговиот потенцијал. Покрај Лајпциг и Динамо ќе заработи од неговиот трансфер.

Потоа се пресели во Лајпциг во 2020 година.

Share
Scroll to Top