Онана ќе брани на Африканскиот куп

Онана ќе брани на Африканскиот куп

пред 9 месеци

Андре Онана, голманот на Манчестер јунајтед сепак доби покана да настапи за Камерун на Африканскиот куп.

И покрај претходните недоразбирања со селекторот Ригобет Сонг и претседателот Самуел Ето, 27-годишниот голман сепак се најде на списокот.

Онана, на Светкото првенство во Катар, во пресрет на последниот меч во групата, го напушти националниот тим и изјави дека повеќе нема да брани за Камеун. Одлуката ја смени во септември.

Андре Онана речиси по секој натпревар на Јунајтед добива жестоки критики. За многумина тој е виновникот што тимот е елиминиран од Лигата на шампионите.

Тој не се прослави ниту во Премиер лигата, а кој ќе застане на голот наместо него, останува да реши менаџерот Ерик тен Хаг. Замени на Онана оваа сезона се Алтај Бајиндир и Том Хитон.

Share
Scroll to Top