Осимен на пат кон Лондон, Лукаку во Наполи

Осимен на пат кон Лондон, Лукаку во Наполи

пред 5 месеци

Виктор Осимен кариерата ќе ја продолжи во Челзи, а Ромелу Лукаку во Наполи, ова го тврдат англиските и италијанските медиуми.

Медиумите од Островот откриваат дека Челзи и Наполи ја нашле идеалната формула. Виктор Осимен следната сезона ќе ја помине на позајмица во Челзи, но со задолжителен откуп следното лето, во случај сините да се пласираат во Лигата на шампионите.

Наполи мораше да ги спушти барањата, бидејќи преговорите со Пари Сен Жермен пропаднаа, но се уште не е познато колку Челзи би требало да плати следното лето, што веројатно ќе бидат последните детали од преговорите.

Ромелу Лукаку е дел од трејдот, иако на хартија тоа се посебни зделки. Челзи го процени Белгиецот на 20 милиони евра, но беше подготвен да го пушти по секоја цена, а тоа го искористи Антонио Конте.

Новиот тренер на Наполи не сакаше во тимот на го има незадоволниот Осимен, а во минатот тој имаше изворедна соработка со Лукаку.

Под палката на Конте во две сезони, 2019/20 и 2020/21, Лукаку постигна 34, односно 30 гола во сите натпреварувања, по што Челзи реши да го врати за сума од 110 милиони евра.

Меѓутоа, Лукаку не успеа да се снајде во системот на Томас Тухел, повторно замина на позајмица во Интер, а потоа во Рома, од која сега се врати во Челси по завршувањето на сезоната, но со јасен став дека нема намера да остане на „Стенфорд Бриџ“.

Изгледа дека овој договор меѓу Челзи и Наполи е најдоброто решение за сите четири страни.

Share
Scroll to Top