Отказот за Сари ќе го чини Јувентус фантастични 17 милиони евра

Отказот за Сари ќе го чини Јувентус фантастични 17 милиони евра

пред 4 години

Маурицио Сари, за човек кој според газдата на Наполи, Аурелио де Лаурентис е „комунист“ кој не се грижи за парите, има фантастична способност да собира пари од клубовите кои му врачиле отказ.

Откако Челси му плати 5 милиони фунти за предвремен раскин на договорот, италијанскиот „Калчо и финанца“ тврди дека отказот од Јувентус ќе го наплати фантастични 17.335 милиони евра.

По анализата на јавно објавените финансиски детали на „бјанконерите“ до 31 декември 2020, сумата која Јуве ќе ја одвои за Сари по отказот на 8 август 2020 стана уште поголема.  Според нивните податоци, Јуве ќе мора да го продолжи да го плаќа Сари и неговиот тим 15.457 милиони евра до крајот на договорот во јуни 2022, а Сари ќе добие уште дополнителни 1.878 милиони евра, за вкупни 17.335 милиони евра.

Единствен „спас“ за Јуве е клаузулата за предвремен раскин на договорот за 2.5 милиони евра во јуни 2021 година, но за ова треба да се согласи и самиот Сари, кој пред стартот на кариерата како тренер, беше банкар.

Де Лаурентис: Маурицио Сари е комунист, во парите гледа само зло

Share
Scroll to Top