Газдите на Интер, „Сунинг“ и официјално ја прифатија финансиската операција од американската фондација „Оуктри капитал“, кои им позајмуваат 242 милиони евра на „нераѕурите“ и стануваат малцински сопственици на тимот, како што уште пред неколку дена објави агенцијата „Блумберг“.
„Денеска се комплетираше финансиска операција на акциите со фондацијата на ‘Оуктри капитал менаџмент’. Со ова финансирање, акционерите ќе продолжат да го оддржуваат Интеранционале Милано со цел надминување на проблемите во периодот на пандемијата на КОВИД“, се вели во соопштението на Интер по позајмицата од 242 милиони евра, за кои залог се 68.55 отсто од акциите на клубот кои ги поседува „Сунинг“.
Според „Калчо е финанца“, холдинг-компанијата на Интер, „Грејт хорајзон“ ќе добие 275 милиони евра – од кои 33 милиони евра ќе одат за ликвидирање на акциите на „Лајонрок“ (31.05 отсто), додека остатокот ќе се искористи за подмирување на долговите на Интер. Доколку „Сунинг“ не ги исплаќа ратите на време, тогаш „Оуктри капитал“ ќе ги преземе нивните акции.
Ова е слична ситуација како што се случи кај градскиот ривал Милан, кога американската „Елиот менаџмент“ го презеде клубот од Кинезот Јонгхонг Ли, кој не го исплати долгот кон компанијата.