Шпанскиот напаѓач Педро и официјално стана член на римски Лацио и на тој начин тој е првиот играч во модерната фудбалска ера (последните 40 години) што од Рома се преселил во Лацио – градските ривали своите мечеви ги играат на истиот стадион, „Олимпико“.
Педро не беше во плановите на Жозе Мурињо, па ја напушти „волчицата“ по само една сезона. Веднаш ја прифати понудата од лутиот градски ривал на Рома, па 34-годишниот фудбалер наредните две сезони ќе го носи „небесносиниот“ дрес на Лацио. Педро во Лацио ќе го носи дресот со бројот 9.
Official. Former Barça and Chelsea striker Pedro joins Lazio from AS Roma on a free transfers, deal completed today. ??? #transfers pic.twitter.com/g3iAA6URen
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) August 19, 2021
Педро и тренерот Сари ја освоија Лига Европа со Челси, во сезона во која екс-фудбалерот на Барселона постигна 12 гола. Наводно Сари инсистирал за неговиот ангажман.
Шпанецот потекнува од Барселона, за каталонскиот клуб играше до 2015 година кога премина во Челси.
За Рома минатата сезона настапи на 40 меча, постигна 6 гола и имаше 7 асистенции.