Паладино ја презеде Фиорентина

Паладино ја презеде Фиорентина

пред 4 месеци

Италијанскиот тренер Рафаеле Паладино ја презеде Фиорентина, соопшти клубот од „Артемио Франки“.

Паладино (40) потпиша договор на две години, со опција за соработката да биде продолжена на уште една сезона. Паладино на функцијата го наследи Винченцо Италијано.

Во Фиорентина доаѓа од Монца, каде што беше тренер две години.

„Рафаеле многу верува во нашите планови и ја избра Фиорентина и покрај многуте други понуди. Се надевам дека со неговиот ентузијазам, амбиција и силна работна етика ќе можеме да уживаме во многу успешни моменти заедно“, стои во соопштението на веб-страницата на клубот од Фиренца.

Фиорентина сезоната ја заврши на осмото место со 60 бодови во италијанската лига, а играше и во финалето на Конференциската лига.

Share
Scroll to Top