Паника во Баерн, Олисе поставил услов за да го продолжи договорот

Паника во Баерн, Олисе поставил услов за да го продолжи договорот

пред 6 часа

Германскиот гигант Баерн се соочува со сериозни внатрешни загрижености пред продолжувањето на сезоната, бидејќи преговорите во врска околу новиот договор, на еден од најдобрите играчи на тимот, Михаел Олисе, не одат според планот на баварскиот гигант, објавија Билд и порталот Баерн Страјкс.

Иако францускиот ас е под важечки договор со клубот до 2029 година, одличните настапи и импресивниот почеток на сезоната (осум гола и четири асистенции во првите седум натпревари за Баерн), заедно со забележителни настапи за француската репрезентација, го привлекоа вниманието на европските гиганти, предводени од Реал Мадрид.

Според извори блиски до клубот, раководството на Баерн сака дополнително да го обезбеди Олисе и да потпише нов, долгорочен договор со него.

Сепак, преговорите заглавија на барање на играчот и неговиот агент да се вклучи фиксна откупна клаузула во договорот.

Во раководството на клубот од Минхен постои загриженост бидејќи присуството на клаузула за откуп им ја олеснува работата на клубови како Реал, со оглед на тоа што преговорите во врска со самата сума се исклучително тешки.

Во минатото, видовме клубови како Реал Мадрид и Барселона да вметнуваат нереални откупни клаузули од милијарда евра во договорите на своите асови, што несомнено би го сакал и Баерн, додека самиот играч би претпочитал помал износ, најверојатно околу 200 милиони евра, за да го направи потенцијалниот трансфер изводлив. Баварците, не сакаат да се согласат на овој услов.

Германскиот гигант зазеде јасен став и рече дека Олисе ќе има време до крајот на следното лето да размисли и да ги прифати условите за продолжување на соработката.

Сепак, во клубот постои (оправдан) страв дека Французинот нема долгорочни планови во Минхен и дека негов приоритет е да се пресели во друг голем клуб.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top