Панчев: Најголемата грешка во кариерата ја направив кога потпишав со Интер

Панчев: Најголемата грешка во кариерата ја направив кога потпишав со Интер

пред 6 часа

Легендарниот играч на Црвена звезда Дарко Панчев уште еднаш истакна дека направил голема грешка кога решил да се пресели во Интер.

Панчев во 1992 година замина во Интер каде постигна само три гола, а во 1995 година се пресели во Фортуна Диселдорф.

„Секако, тоа воопшто не е спорно. Не само што Интер тогаш имаше неквалитетен тим, без игра, особено за нас напаѓачите. Ниту клупската атмосфера не беше во ред. Јас тоа на некој начин го почувствував. Не дојдов таму како млад играч па да морам да се докажувам, туку како еден од најбараните напаѓачи во Европа. Релативно брзо се скарав со тренерот и клупските челници“, изјави Панчев за „Спортски Журнал“.

Откри дека тогаш имал понуди и од други клубови.

„Во тоа време бев меѓу најбараните напаѓачи во Европа. Имавме преговори со Барселона, чиј тренер беше Јохан Кројф. Ме бараше и Алекс Фергусон во Манчестер јунајтед. Потпишав преддоговор со Милан. Реал Мадрид беше заинтересиран и нејзиниот претседател Рамон Мендоза доаѓаше на преговори. Имав избор, а јас ја одбрав најлошата варијанта. Никој не ми е виновен. Одговорноста е моја“, додаде Панчев.

Панчев кариерата ја заврши во 1997 година во Сион.

Share
Scroll to Top