Пелистер во последните секунди се спаси од пораз кај ГОГ Гудме

Пелистер во последните секунди се спаси од пораз кај ГОГ Гудме

пред 4 часа

Ракометарите на Пелистер останаа непоразени во Данска, во 12-то коло, во Лигата на шампионите. Пелистер освои бод, кој не му значи многу во борбата за место во нокаут фазата. На крајот ГОГ Гудме-Еурофарм Палистер 28:28 (15:11).

Данскиот тим, во најголемиот дел од натпреварот ги контролираше настаните на теренот, имаа играчите на ГОГ Гудме предност од четири гола. Пелистер бчагодарение на голманот Митревски, кам-бекот го започна во вториот дел, а во 53-та минута, македонскиот шампион дојде до водство.

Во следните две минути Пелистер ја пропушти шансата за победа, не реализираше два напади за евентуална предност од два гола.

На крајот Видовмски со гол на осум секунди пред истекот на времето го постави конечниот резултат.

овој бод не му значи многу на Пелистер. На две кола до крајот на регуларниот тек од сезоната, Пелистер е претпоследен со пет бода. Во последните две рунди македонскиот првак ќе игра против ПСЖ и Барселона.

Share
Scroll to Top