Неверојатен резултат во Втората фудбалска лига. Пелистер го победи Тетекс со 11:0. Борче Маневски даде хет-трик, а по еднаш погодија Драгарски, Мустафов, Стефановски, Китановски, Наумовски, Фазлиу, Трајковски и Здравевски.
Најтрофејниот македонски клуб Вардар одигра само 1:1 на „Автокоманда“ против Беласица и не успеа да се врати на врвот на табелата. Сега лидер е Гостивар со 30 бода, еден повеќе од вардарци.
Вардар дојде во водство со голот на Кире Маркоски во 74.минута, но Петар Гугуљанов десет минути подоцна по асистенцијата на Милушев успеа да израмни.
Борец во Велес загуби од Каменица Саса со 0:3, а Детонит Плачковица на домашен терен ја победи Беса со 3:0. Караорман и Локомотива Пехчево ремизираа, 1:1. Кожуф ја совлада Слога Виница со 2:0.