Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез очигледно уште не ја надминал „корпата“ од Килијан Мбапе и одлуката на Французинот уште три години да остане со Пари Сен-Жермен.
Ова преизвика бес и критики во Шпанија на сметка на 23-годишниот напаѓач, но и до жалба и најава за тужба од страна на шпанската Ла лига за скапиот договор. Самиот Перез пред неколку дена изјави дека „тоа не е Килијан“ кој тој го посакувал во тимот, а сега при потпишување на автограм за еден навивач, беше уште подиректен.
„Кутриот човек, многу бргу ќе зажали“, одговори Перез.
Перез: Мбапе си умисли дека е поп-ѕвезда, никој не може да го уценува Реал