Екипата на Петронас Јамаха го претстави моторот за новата сезона, во Мото ГП шампионатот. Сезонава за Петронас Јамаха ќе возат Валентино Роси и Франко Морбидели.
Претстојната сезона ќе биде трета за тимот од Малезија, во кралската класа во Мото ГП шампионатот. Во односот на претходните две години, измени има во боите, главната боја, тиркизната остана, а на остантиот дел од мотоциклот доминира црната боја.
Минатата сезона, Петронас имаше подобри резултати од фабричката Јамаха. Морбидели и Фабио Квартараро забележаа шест победи. Морбидели го освои второто место во генералниот пласман.
На Морбидели оваа сезона му се приклучи неговиот ментор, легендарниот Валентоно Роси. „Докторот“, прв пат по пауза од 20 години ќе вози за приватен тим.
Новата сезона во Мото ГП шампионатот ќе започне од Катар на 28.март.