Петрушев се враќа во Црвена звезда

Петрушев се враќа во Црвена звезда

пред 2 месеци

Српскиот репрезентативец Филип Петрушев во наредните денови ќе се врати во Црвена звезда. Петрушев во редовите на регионалниот шампион ќе настапува како позајмен играч до крајот на сезоната.

Неколку месеци Петрушев се поврзуваше со својот поранешен клуб, поточно од моментот кога Саша Везенков се врати од НБА лигата во Олимпијакос. Сега кога од повредите се вратија Фал и Милутнов, а замена за везенков е Питерс, за Петрушев речиси и да нема место во тимот.

За него најдобра опција е да се врати во Белград, а тоа и го потврди неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ.

Инаку, Црвена звезда во наредните денови ќе се обиде да донсе и центар, откако во понеделникот во Подгорица се повреди Џоел Боломбој. Американецот, спроред прогнозите ќе отсуствува најмалку еден месец.

Share
Scroll to Top