Петр Чех по стапките на Доминик Хашек – пак станува хокеарски голман

Петр Чех по стапките на Доминик Хашек – пак станува хокеарски голман

пред 3 години

Легендарниот голман на Челси, Петр Чех потпиша договор со британскиот хокеарски клуб Гилдфорд финикс, враќајќи се во клубот во кој играше и шест пати во 2019/20, пред да се врати во Челси како активен голман минатата сезона.

39-годишниот Чех исто така ја има улогата на технички советник на Челси, а си замина од Гилдфорд откако беше изненадувачки вклучен во 25-члениот тим на Челси за Премиерлигата.

Кога беше хокеарски голман, тој имаше посебна кацига на која беа боите на Челси и Арсенал, два клуба во кои помина долго време, но и на Доминик Хашек, еден од најлегендарните голмани во историјата на НХЛ лигата и национален херој во Чешка.

Share
Scroll to Top