Платите во ПСЖ се најголеми во светот на спортот

Платите во ПСЖ се најголеми во светот на спортот

пред 3 години

Со доаѓањето на Лионел Меси, ПСЖ ќе стане клубот кој најмногу издвојува за плати на своите играчи во целиот светски спорт.

Францускиот клуб за платите на играчите ќе издвојува 302,7 милиони евра. На првото место „светците“ го минаа досегашниот рекордер Реал Мадрид. „Кралскиот клуб за плати на фудбалерите издвојува 250,7 милиони евра.

Барселона е најголемиот губитник, поради финансиските проблеми, остана без најдобриот играч, меѓутоа платите за кои клубот годишно троши 23о,6 милиони евра, мора да бидат намалени. Барса до крајот на преодниот рок ќе мора да се ослободи од уште неколкумина играчи.

Барселона е на четвртото место на оваа листа, пред неа е Манчестер јунајтед (237,7). На петтото место се наоѓа клуб кој е фудбалски, бејзбол франшизата од Лос Анџелес, Доџерс (228,3).

Од петтото до десеттото место се: Јувентус (220), Баерн Минхен (196,3), Челси (192,75), Далас Каубојс (186,83) и Кливленд (185,65).

Share
Scroll to Top