Погребан Келвин Киптум

Погребан Келвин Киптум

пред 11 месеци

Светски рекордер во маратон Келвин Киптум е погребан во Чепшам, селото во долината Рифт, каде што е роден, живеел и каде што го загина во сообраќајна несреќа.

Фаворитот на претстојната олимписка трка во Париз, 24-годишниот Киптум загина во ноќта меѓу 11 и 12 февруари во сообраќајна несреќа заедно со тренерот Жервеј Хакизиман.

Претходните денови беше најавено дека на погребот ќе присуствуваат претседателот на Кенија Вилијам Рут и претседателот на Светската атлетика Себастијан Коу.

Киптум беше најавуван како нова голема ѕвезда на светската атлетика. На големата сцена блесна во својата трета трка , кога минатиот октомври во Чикаго постави светски рекорд од 2:00.35 часа.

Стотици луѓе му оддадоа почит на маратонецот во четвртокот на улиците на Елдорет, познат тренинг центар за тркачи на долги и средни патеки.

„Она што го постигна Келвин беше извонредно. Да се дојде до врвот на толку млада возраст е речиси уникатно“, рече Коу во четвртокот во Елдорет.

Киптум неодамна објави дека, во април во Ротердам, ќе се обиде да стане првиот што ќе истрча маратон под два часа.