Познато е колку е тежок Мвумби

Познато е колку е тежок Мвумби

пред 2 години

Готие Мвумби Тиери, репрезентативец на Конго, е еден од оние ракометари кои ќе го обележат 27 Светско првенство во Египет.

За Мвумби се говори со денови, на теренот, во однос на противниците, изгледа како вистински џин. Дури и го доби прекарот ракометниот Шекил О’Нил.

Она што е интересно, на официјалната страница на СП, стои дека џинот Мвумбу е висок 176 сантиметри и тежок 89 килограми! Малју пореални се бројките на страницата на ИФХ (192 сантиметри, 110 килограми).

Ракометниот поратал „Хендњуз“, во текстот посветен на Мвумбу, објави дека репрезентативецот на Конго е висок 195 сантиметри и тежок 137 килограми.

„Јас сум пикер кој го освојува просторот. Во животот не сонував дека ќе играм на СП, затоа давам се од себе, бидејќи ова се случува еднаш во животот“, рекол Мвумбу.

Готие Мвумби Тиери, на првите два натпревари на СП, против Аргентина и Данска, постигна по четири гола.

Share
Link with us
Game bài đổi thưởng
Scroll to Top