Покетино официјално ја презеде репрезентацијата на САД

Покетино официјално ја презеде репрезентацијата на САД

пред 1 недела

Поранешниот тренер на Челзи, Маурисио Покетино е именуван за нов селектор на репрезентацијата на САД. Покетино јја презеде репрезентацијата на САД пред Светското првенство во 2026 година. Мундијалот заеднички ќе го организираат Мексико, Канада и САД.

„Енергијата, страста и гладот да се постигне нешто навистина историско овде, тоа се работите кои ме инспирираа. Гледам група играчи полни со талент и потенцијал и заедно ќе изградиме нешто посебно со кое ќе се гордее целата нација. “, рече Покетино.

САД се без постојан селектор по предвремената елиминација од Копа Америка во јули, што доведе до отказ на Грег Берхалтер по неговиот втор селекторски мандат. До именувањето на Покетино, на клупата на сад привремено седеше Мајки Варас, кој ја предводеше репрезентацијата на пријателските натпревари против Канада минатата сабота и Нов Зеланд во вторникот.

Следните пријателски натпревари, на кои ќе дебитира Покетино, САД ќе ги одиграат против Панама на 12 октомври и Мексико три дена подоцна.

Share
Scroll to Top