Аргентинецот Маурисио Покетино, по дебаклот против Ливерпул, сфати со каков тим ќе работи во наредниот период и колку работа има оред него, за да го подигне Јунајтед практично од дното.
Покетино, во средата го презеде Манчестер Јунајтед, а четири дена подцна се соочи со Ливерпул на „Енфилд“. Мечот практично беше решен во четири минути, во периодот од осмата до 12-та минута. Јоро доби црвен картон, а Собослај и Вирц погодија за 2:0. На крајот Ливерпул победи со 4:0, а само голманот Ламенс спречи тешкиот пораз да биде уште потежок.
Аргентинецот, тврди дека клучен за епилогот на натпреварот, бил црвениот картом, според него тој бил незаслужен.
„Многу е болно. Многу сум разочаран“, беа првите впечатоци на новиот менаџер на Јунајтед по поразот на „Енфилд“.
„Не можете да започнете натпревар од Премиер лигата во вакава ситуација. Натпреварот се промени целосно по осмата минута.“
Тој повтори дека неговиот тим бил оштетен во таа критична осма минута.
„Беше нефер ситуација. Топката одеше кон голманот, напаѓачот немаше контрола врз неа. Според мене, тоа не беше црвен картон. Морам да ги почитувам судиите, но во исто време морам да го бранам мојот клуб и да кажам што чувствувам. Тоа беше ситуација која, според мене, не беше за црвен картон“.
За тоа како реагираше тимот.
„Научив дека моите играчи сакаат да се борат и се посветени на клубот. Денес направија неверојатен напор. Мораме да ги држиме главите горе и да продолжиме да работиме“.
За пораот, како што вели, тој е виновен.
„Ја преземам одговорноста за денешниот резултат. Имаме многу работа. Кога тимот прима голови, тоа значи дека рамнотежата во тимот не е добра“.
По 11 натпревари, Манчестер Јунајтед се наоѓа на претпоследното место на табелата во Премиер лигата.
Foto/ Depositphotos






