Полу-финале на богатите, ПСЖ против Манчестер сити

Полу-финале на богатите, ПСЖ против Манчестер сити

пред 3 години

ПСЖ и Манчестер сити, вечерва ќе го одиграа првиот полу-финален натпревар, во Лигата на шампионите. ПСЖ ќе се обидат да го повторат резултатот од минатата сезона, кога стигнаа до финалето, во кое беа поразени од Баерн. Иста желба имаат и „граѓаните“, кои никогаш не играле финале во елитното натпреварување.

Најбогатите европски клубови, досега три пати играле меѓу себе во европските купови. Два од тие три натпревари завршиле без победник. Во 2008 година, во Лига Европа одиграле 0:0. Осум години подоцна, во четврт-финалето во ЛШ, во Париз резултатот беше 2:2, а Сити победија 1:0 во реваншот со голот на Де Брујне.

Двата тима се во добра форма. ПСЖ имаа пет победи на последните шест натпревари. додека Сити, се на чекор до титулата во Англија и се единствените без пораз, оваа сезона во Лигата на шампиони.

Натпреварот во Париз ќе започне во 21 часот.

Share
Scroll to Top