Поразот од Динамо значи отказ за Жозе Мурињо

Поразот од Динамо значи отказ за Жозе Мурињо

пред 4 години

Жозе Мурињо со елиминацијата од Динамо Загреб со го потпишал отказното решение, ова го тврдат англиските медиуми, кои веќе ја имаат и листата на потенцијалните наследници.

Англиската јавност го означи Мурињо за главен виновник за елиминацијата од Лига Европа. Медиумите се прашуваат дали тој ќе ја заврши сезоната како менаџер на Тотенхем или ќе биде сменет по завршувањето на сезоната.

Според овие извори прв фаворит за негов наследник е тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман, за кого наводно се интересира и Баерн Минхен. Во конкуренција е и Брендан Роџерс, но прашање е дали тој би заминал доколку Лестер избори пласман во Лигата на шампионите. Сериозна опција е и менаџерот на Саутемптон, Ралф Хазенхитл.

Листата завршува со двајца тренери кои во моментов се без работа: Масимилијано Алегри и Рафаел Бенитез.

Share
Scroll to Top