Портланд го декласираше Денвер, Јокиќ во сенка на Нуркиќ

Портланд го декласираше Денвер, Јокиќ во сенка на Нуркиќ

пред 3 години

Никола Јокиќ го „немаше никаде“ за неговите Денвер Нагетс да загубат со огромни 95:115 од Портланд Трејлблејзерс, по што Србинот призна дека главна причина за лошата партија бил босанскиот ривал Јусуф Нуркиќ. Со овој резултат, серијата е израмнета на 2:2.

Јокиќ имаше 16 поени со само 7-од-18 од игра, со 9 скока и 1 асистенција, додека Портланд беше фантастичен, предводен од 29 поени на Пауел, 21 на Мекалум и 17 на Нуркиќ.

„Немав лоша ноќ, туку признание за одбраната треба да добие Нуркиќ и целата одбрана на Портланд. Тој беше фантастичен. Продолжуваме понатаму на ист начин“, изјави Јокиќ.

Филаделфија сиксерс пак, со 123:103 ги „уништија“ Вашингтон визардс за да поведат со 3:0 во плејофот во Источната конференција. Џоел Ембид постави личен рекорд во плејоф мечевите со 36 поени, 8 скока и две асистенции со само четири промашувања од поле (14-од-18).

Јута џез ,пак ,стигна до 2:1 водство против Мемфис гризлис со 121:111 победа на гости, откако од почетокот до крајот водеа со 15 поени разлика. Донован Мичел заврши со 29 поени, Мајкл Конли додаде 27, додека кај мемфис, Џа Морант имаше 28 поени.

Share
Scroll to Top