Последни четврт-финални натпревари на ЕУРО 2020

Последни четврт-финални натпревари на ЕУРО 2020

пред 3 години

Денес на Европското првенство на програмата се преостанетите два четврт-финални натпревари. Данска и Чешка ќе играат во Баку, а Англија и Украина во Рим.

Од 18 часот, во далечниот Баку, за место во полу-финалето ќе се борат изненадувањата на турнирот Данска и Чешка. Данците, по се она што му се случи на Кристијан Ериксен, се издигнаа, со една победа во групата изборија место во нокаут-фазата, а во осмина-финалето го декласираа Велс со 4:0.

Чесите од друга страна, играа добро во групата, ремизираа со Хрвстака, ја победија Шкотска и минимално загубија од Англија. Во осмина-финалето приредија сензација со елиминацијата на Холандија.

Последен пат на европските првенства играле во 2004 година. Чешка тогаш победи со 3:0.

Три часа подоцна, во Рим, Англија ќе игра против Украина. Англичаните не блескаат од почетокот на турнирот, но максимално ги користат соите шанси. Во овој дел од ждрепката се апсолутни фаворит за пласман во финалето. Во прилог им оди што дуелот со Украина е првиот што го играат надвор од Лондон.

Доколку ги поминат Украинците, повторно се враќаат во Лондон.

Фактот дека испаднаа фаворитите Франција, Португалија, Белгија ги става Англичаните во најдобра позиција на ЕУРО 2020.

Share
Scroll to Top