Постои добра причина зошто никој Гибралтар не сакал да го смени дресот со Халанд

Постои добра причина зошто никој Гибралтар не сакал да го смени дресот со Халанд

пред 2 години

Норвешка, пред десет дена, го порази Гибралтар со 5:1, во квалифиакциите за пласман на Светското првенство. Три гола во победата на Норвешка постигна Ерлинг Халанд.

Халанд беше најголема ѕвезда на теренот, но по мечот никој од Гибралтар не сакал да го разменит својот дрес со него. Причината е што, во март, оваа година, кога репрезентациите играа во Гибралтар, Халанд надмено се однесувал кон капитенот Рој Чиполина.

„Го игнориравме. Во март, нашиот капитен го побара неговиот дрес. По интервјуто за една телевизија му рекол: ‘Мојот син е твој голем фан, ќе ги смениме дресовите?“. Реакцијата беше изненадувачка, само го погледнал, се насмејал и заминал. Тој може да купи многу работи, но не може да ја купи класата, таа не се купува. Имаше можност да израдува едно дете, но тој кажа ‘не’. Поради тоа никој од нас не сакаше да го размени дресот со него“, открил репрезентативецот на Гибралтар, Рис Стич.

Share
Scroll to Top