Почетино за Меси: Дедо Мраз веќе беше кај мене, сите големи играчи сакаат во ПСЖ

Почетино за Меси: Дедо Мраз веќе беше кај мене, сите големи играчи сакаат во ПСЖ

пред 4 месеци

Маурисио Почетино во првата прес-конференција како тренер на Пари Сен-Жермен мораше да одговара на прашањата за можното пристигнување на Лео Меси на „Паркот на принцовите“, а зборуваше и за благодарноста за новогодишниот подарок со новиот ангажман.

Аргентинецот го замени Томас Тухел на клупата на ПСЖ, секако со главна цел да се донесе трофејот од Лигата на шампионите, но наместо да биде прашуван за целите, 48-годишниот тренер налета на прашања за можното пристигнување на Меси во клубот.

„Сите шпекулации ги оставам на страна. Сите големи играчи се добредојени во Пари Сен-Жермен. За мене Дедо Мраз беше дарежлив, и затоа оваа шанса ќе ја искористам да се заблагодарам на претседателот Насер Ал-Хелаифи и на спортскиот директор Леонардо за довербата која ми ја покажаа да се вратам во овој голем клуб. Ова е можеби најголемиот клуб на светот, така што има шпекулации. Само што пристигнав, така што нема да зборувам за тоа. Тешко е да се спореди ПСЖ со Тотенхем, бидејќи се два различни клубови. Тотенхем уште ми е во срцето и таа врска нема да сопре, но сега имам друга задача пред мене“, вели Почетино.

Share
Scroll to Top