Почина Кирил Дојчиновски, легендарниот македонски фудбалер и тренер

Почина Кирил Дојчиновски, легендарниот македонски фудбалер и тренер

пред 2 години

Почина Кирил Дојчиновски, еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата. Беше член на Вардар и на Црвена Звезда, југословенски репрезентативец, а потоа и успешен тренер и селектор.

Кирил Дојчиновски, роден на 17. октомври 1943 година, ќе остане засекогаш запаметен во историјата на македонскиот спорт како првиот Македонец кој бил дел од Светските фудбалски првенства. На Мундијалот во 1974 година во Западна Германија, Дојчиновски тогаш како фудбалер на белградска Црвена Звезда остана забележан како првиот македонскиот фудбалер повикан во репрезентацијата на поранешна Југославија.

Своите фудбалски почетоци ги бележи во Вардар, каде настапува од 1963 до 1967 а потоа се сели во Црвена Звезда достигнувајќи го врвот на својата слава. Од Црвена Звезда се сели во француските Тројa и ФК Париз, во периодот од 1970 до 1974 година беше стандарден член на селекцијата на Миљан Миљаниќ. Четирикратен шампион на Југославија со Црвена Звезда, освојувач на Митропа купот, полуфиналист во Купот на европските шампиони со Црвена Звезда во сезоната 1970/71 и четвртфиналист во сезоната 1973/74.

Како тренер беше двократен шампион на Ел Салвадор со Луис Фирпо, и селектор на репрезентацијата на Ел Салвадор.

Share
Scroll to Top