Почина Салваторе „Тото“ Скилачи

Почина Салваторе „Тото“ Скилачи

пред 3 месеци

Херојот на Италија од Светското првенство во 1990 година, легендарниот Салваторе „Тото“ Сцилачи, почина на 59-годишна возраст по долга борба со ракот.

Скилачи својот најблескав момент во кариерата го доживеа на споменатото Светско првенство во дресот на Италија, благодарение на неговите голови Азурите го освоија третото место. Тото беше најдобра стрелец на СП во 1990 година.

Поранешниот голгетер на Јувентус и Интер пред една недела беше пренесен во болницата „Цивико“ во Палермо на дополнителни прегледи, со оглед на тоа што претходно му беше дијагностициран тумор на дебелото црево.

Скилачи потоа доби тешка пневмонија и оттогаш бил на терапија со високопроточен кислород.

„Збогум Тото Скилачи, напаѓачот на магичната ноќ го нема“, со овие зборови „Газета дело Спорт“ се прости од легендарниот напаѓач.

Скилачи е роден во Палермо во 1964 година, се ожени двапати, со Рита и Барбара, а зад себе остави три деца, Џесика, Матија и Никола.

Одличниот напаѓач играше фудбал во Месина каде стана икона на клубот со над 200 натпревари и 61 гол. Во тоа време, еден од неговите тренери беше Чехот Зденек Земан, кој од него направи врвен напаѓач. Скилачи во последната сезона во клубот постигна 23 гола.

Потоа следуваше трансфер во Јувентус, постигна 15 гола на првите 30 натпревари од сезоната, а беше еден од најзаслужните за освојувањето на Купот на Италија и Купот на УЕФА. И тогаш, на врвот на кариерата, му се случи Светското првенство во Италија во 1990 година.

Светско првенство Скилачи го заврши како најдобар стрелец со шест гола, прогласен е и за најдобар играч на турнирот. Тој турнир беше негово животно дело.

Голот за 2:1 против Англичаните и го донесе на Италија третото место на Светското првенство.

Скилачи после тоа никогаш не блесна во дресот на Италија. До крајот на репрезентативната кариера постигна само уште еден гол, против Норвешка во квалификациите за ЕУРО 1992 година.

Од Јувентус во 1992 година се пресели во Интер. За клубот од Милано во две сезони одихгра 30 натпревари, постигна 11 голови. Кариерата ја заврши во Јапонија, во дресот на Ивата во 1997 година.

Share
Scroll to Top