По Тухел, и Тијаго Силва и Жиру добија нов договор од Челси

По Тухел, и Тијаго Силва и Жиру добија нов договор од Челси

пред 3 години

Челси истиот ден кога му го продолжија договорот на менаџерот Томас Тухел, го обновија договорот и со бразилскиот ветеран Тијаго Силва на уште една сезона, а сличен договор постигнаа и со Оливие Жиру и покрај шпекулациите дека ќе заврши во Милан.

36-годишниот бразилски бек одигра клучна улога во одбраната на Челси оваа сезона, во која ја освоија титулата од Лигата на шампионите и влегоа во топ 4 во Премиер лигата, откако пристигна од Пари Сен-Жермен во август минатата сезона.

Силва, кој има 93 настапи за бразилската репрезентација, имаше договор на само една сезона со „сините“, но со опција за уште 12 месеци, која сега е исполнета. Тој имаше 36 настапи за Челси оваа сезона, постигнувајќи два гола и по несигурниот старт стана столб на одбраната на клубот.

Челси исто така го продолжија договорот на уште една сезона на францускиот напаѓач Оливие Жиру, и покрај шпекулациите дека ќе заврши во Милан. Откако пристигна од Арсенал пред три и пол години, Жиру постигна 32 гола за клубот, вклучувајќи шест гола во Лигата на шампионите ова сезона, со кои беше најдобар стрелец во натпреварувањето.

Продолжувањето на договорот не значи дека тој нема да биде продаден во Милан, само што вака Челси се осигураа дека ќе добијат пари за евентуалниот трансфер.

Share
Scroll to Top