Првата трка во новата сезона се вози во сабота

Првата трка во новата сезона се вози во сабота

пред 9 месеци

Со трката за Големата нграда на Бахреин викендов ќе започне 75. сезона во Формула 1.

Големата награда на Бахреин, прв пат откако влезе во календарот на Формула 1, наместо во недела, ќе се вози во сабота, што значи дека викендот ќе започне во четврток.

Трките во Ф1 обично се одржуваат во текот на три дена со тренинг во петок, пред последниот тренинг и квалификациите во сабота и Големата награда во недела. Формула 1 реши викендите за првите две трки од новата сезона да бидат од четврток до сабота.

Имено, иако Рамазан официјално започнува на 10 март, тимовите инсистираа и трката во Бахреин да биде поместена ден порано од логистички причини, односно да има доволно време да се преселат во Саудиска Арабија. Бидејќи трката во Џеда ќе се вози на 9 март, таа нема да се поклопи со првиот ден од Рамазан.

Оваа сезона во Формула 1, која има рекордни 24 трки, ќе има невидена ситуација во која во сабота навечер ќе се одржат дури три големи награди. Имено, покрај веќе споменатите трки во Бахреин и Саудиска Арабија, во сабота навечер повторно ќе се одржи трката за Големата награда на Лас Вегас.

Share
Scroll to Top