Кристијано Роналдо имаше совршена шанса да го постигне својот 110. гол во дресот на португалската репрезентација и да го помине Иранецот Али Даеи, со кого го делат првото место според интернационални голови, но на патот се најде голманот на Република Ирска, Гевин Базуну.
Уште во 14. минута од мечот на стадионот „Алжарве“ во Фаро, капитенот на португалската репрезентација доби совршена шанса по досудениот пенал, но неговиот обид заврши директно во рацете на ирскиот голман. До некоја следна прилика…
Ronaldo miss penalty #Portugal #Ronaldo #ManchesterUnited pic.twitter.com/1oK0tLXoHf
— zeka (@RMcompsHD) September 1, 2021